печење ср.

печење (ср.)

Пак вака, за печење што ја има една сорта, благи како колачиња со шеќер.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Месење, печење, ткаење, предење, куќа гледање, сето остана на Митра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гореше и тој. Во топли денови, или кога варницата ќе беше исполнета со камења за печење вар, се состануваа во плевната на Оруш.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А за тоа, за печење леб, зашто ништо што е погано не смее да дојде направо во допир со лебот, а погано е сѐ што не е природно, за завалување на фурните и вршниците, употрабуваа слама, измешана со суварки, или со дрвени трње.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се изградиле нови конаци, чардаци, воденици, амбари за жито, казани за печење ракија, фурни за печење леб за манастирските монаси и многубројните измеќари, гости и сиромаси кои секојдневно доаѓале во манастирот и на кои бесплатно им се давало јадење; околу манастирот се изградиле и посебни конаци на богати верници христијани и муслимани кои повремено доаѓале во манастирот или останувале на панаѓурите кои се правеле кога славел манастирот и кои траеле по неколку дена; засадени биле нови лозја, а се зголемил добитокот со нови грла: овци, телиња, коњи, крави, волови, скопаци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но со печењето и пржењето отровот се уништува...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Чушопек! Така го нарековме според функцијата. Печење пиперки, односно пиперка, зошто во дупчето можеше да влезе само една, поединечно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ѝ личеше на прасе, подготвено за печење, на кое решиле да му закачат кожен ремен околу вратот, за да го довлечкаат (најмрзливо, се подразбира) до најблиското дрво.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Киоскот со цигари и весници е отворен, лебот е дојден од градот, а на пазарчето се продаваат домати како јаболчиња, распукани смокви, презреани краставици и модри патлиџани како дебели краставици, динчиња колку тупаници и калинки колку динчиња, прави пиперки како скротени риби и по некоја шарена лубеница долга како тиква за печење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потем го замесуваше другиот дел од брашното, со јајца и со малку путер, без квасец, во форма на мала погача која, по печењето, добиваше жолтеникава боја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Коматот стаса со печењето дури по два часа, а кафето им помогна колку да се отрезнат и да знаат што јадат, пред да почнат да ја навредуваат недолжната домаќинка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Овде од целото маало се носеа разни јадења за печење.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бошко заедно со Калија одеше на чомлек пазар по урда, и на балук пазар по сушена риба, се туркаше и во врвулицата пред фурна каде што целото маало носеше разни јадења за печење, од лебови до тави гурабии и татлии, ама заедно со чиракот од дуќанот на Марко, им носеше јадење и на Марко, и на самарџијата Димо, бидејќи мајка ѝ на Калија, како и свекрва ѝ, беа дамна починати, а таа прекриена чинија со цедило везден му ја грабаше на чиракот, и самиот, напрегнат, ја носеше истурена напред, како да носи цел товар леб и сирење, грав или јанија со јунешко која не смее да се плисне или, чувај боже, да се истури.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Прељубата природна. Питата попрскана по печењето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На Бадник, празникот кој им значеше живот на моите домашни, бидејќи редовно се колеше по едно живинче, оваа година на мојата трпеза се најде едно младо, невино, штотуку од цицка оттргнато јагненеце, сирото толку се беше смалило од печењето што целото така расчекорено со сите четири, го собра во тавата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Се донесе закон за забрана на печење ракија и вино, праење ајвар, пружање алишта по тераси, а ќебапите во весниците беа сатанизирани и претставени како главна причина за тумор.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Јас сум само едно кртинче, спремно за „поховање“ и печење на тивок оган. Колку за загревање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не молкот, ами душата и духот владеат со нејзините мисли и со чувствата на сите и кај сите одделно истиснува спомени, сакања и присакувања и така занесени го забораваат барем за миг болното стегање во стомакот, влагата и студенилото, печењето на плускавците, болките во нозете и рамењата и неотстапната потреба да се наспијат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како го правите, живи бога? погледна Камилски кон Мајка, а потоа кон сопругата Камилска, која го следеше претпладнето приготвувањето и печењето на тикушот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Печењето во бутот веќе го нема.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе