петолетка ж.

петолетка (ж.)

Армијата наша, народите наши се слеани сите во Твојата сила, Те градиме дружно в Петолетка прва, - Републико моја, мајко, наша мила!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Без кози во новата петолетка...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На партиските стратези на развојот во градот им стануваше сѐ појасно дека козарите неповратно се оддалечуваат од глобалната директива наложена од федералниот центар – по секоја цена во првата петолетка на развојот да станат дел на работничката класа. ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беа утврдени рокови: петолетки, десетолетки, кога земјата рајски ќе расцути, кога до небо ќе се извишат фабричките оџаци, кога ќе се описменат луѓето, кога однапред ќе се утврди колку ќе се произведе, колку нови кадри ќе се образуваат...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)