петнаесет (бр.)

Наполни петнаесет шеснаесет години — ајде, турни ја на првиот што ќе ја посака, земи некоја и друга лира прид, позакрпи се со бабата и тие што останале назад; дури и последната не ја даде на Кулета Врчкиќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Влезе ѓаволот во попот и напна со сиот ум да го жени Крчето уште на петнаесет години дете и тоа — за која? — за Анѓа, од која сам избега пред три години оти беше недомаќинка, „расипана“, како што велеше тогаш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само ти и господ можете да ме спасите, — му рече и му ја предаде кусата манлихера што му ја купи Толе Паша во Софија пред петнаесст години од „Браќа Иванови".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Уште едно ќе испијам, - рече тој и пак го стави шишето под шупурката. – Сакам петнаесет да бидат. – и Водата потече во него, стивнаа децата, та се слушаше само шуркањето на водата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На деветтиот ден од разговорот се движеше по штавичкиот пат колона од петнаесет коњаници и сто и педесет пешаци вооружени со пушки, пиштоли, јатагани и долги маздраци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пред портата борбата не траеше малку. Аскерот се собра десет на еден бунтовник, та макар со скапи жртви, за неполни дваесет триесет минути веќе секој бунтовник имаше врз себе десет и петнаесет војници.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Уште од своите четиринаесет – петнаесет години заоде овчар на глава и тоа молзничар. Му завидуваа селаните на Трајко Сирмев со добро и умно дете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Двајцата работници, што со тешка мака се искачија до првото скеле, беа започнале испрекинат, несврзан разговор: - Петнаесет години ги искачувам овие пустиње!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не беа изминале уште петнаесет дена откако беше дојден последниот пат во затворот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Притоа ги прибра сите преостанати фишеци, ги имаше петнаесет, и сите нив, секој поодделно, ги бришеше долго со мрсната крпа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа доста време, дотогаш сигурно ќе може да ја сврши и работата, за која беше дојден, а за дванаесет до петнаесет дена времето сигурно ќе разјужи и тој според некаква направа во себе речиси со сигурност го знаеше тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И како ќе се пробие? Петнаесет борци се бореа против илјаден турски аскер! Петнаесет пушки против илјада!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Стигна по мракот и го блокира селцето, та ноќта ги претепа селаните сите со ред што дигнале рака на царот и ги прибра и тој, како Арслана и Сефедина, оние десетина петнаесет лири црквени пари што ги чуваше чорбаџијата Малче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога потерата дојде, Толевци ја видоа, и колку души се, и кој се со нив од селаните, но Толе не сакаше да ја нападне и да пролева невина крв. Co еден збор, тој не ги мразеше бедните војници, кои и сами стенкаа под железната дисциплина по десет петнаесет години во султанската армија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тука Толе присуствуваше на секојдневната сцена; виде како десетина петнаесет луѓе пиштеа под ударите на сејменовите стапови и никој не смееше да се спротиви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ми велеа дека преку Рајна минуваат петнасет моста, а по Рајна деноноќно се влечат бродови, најмногу товарни и таа денес е главна сообраќајна артерија, главна, за превоз на стоки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Реков, Уј е мало место, едвај со петнаесет илјади жители. Некогаш било многу познато по производство на хартија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Испивам десет, испивам петнаесет, а велам дека уште можам да носам. Ме фаќаат шенци. - Можеш, ми вели Спасое, можеш, али на леѓима.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
и полковиот му рече освобождавам те од обвинението, откако го ислуша, за петнаесет дена ќе добиеш и решение, и Ристе се тргна, отпоздрави и се тргна, и одат после други, и којзнае што ме дупна и мене, и јас ќе одам ќе прашам, што ќе стане со Македонија, велам, Македонија е долга и широка, ми вели полковиот, и за Македонија одговор сега нема, одговорот е во вас, во сичките нас, благодарам, му велам, коњите се тепаат, а магарето го јаде ќотекот, покорно благодарја, велам, и как се казваш, Мирче Мегленов и ме запиша, мајчето негово, и после ротниот секаде мене ме праќа: во извидници, кај што студи, кај што е калливо, кај што главата ти е пред куршум, и еднаш со Стевана нѐ пратија кај окопите англиски, 124
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа заповеда првин Амди ага, потоа Лазор Перуноски, потоа Ордан Бришкоски, секој од своја страна да му удри на Симиќа по гол газ рамно по петнајсет стапови, а потоа да го исфрлат што подалеку од синорот на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе