петнаесетти прид.
петнаесеттина ж.

петнаесетти (прид.)

Кон крајот на петнаесеттиот ден тој ги растрои нервите до толку колку што е потребно за да заживее во откинатиот простор на визијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во утрото на петнаесеттиот ден тенката преграда на карпата се урива. Раката на Арсо потонува во меката земја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На еден куп отпадоци зад петнаесеттата зграда од големата станбена населба Мише и Петре забележија како нешто се движи.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Во овој град на Меза постои стара црква од петнаесеттиот век, но затоа пак во Лиеж, во црквата „Сан Бартелеми“, се наоѓа казан за крштевање, изработен од дванаесеттиот век од мајстори во Уј, кој по својата уметничка вредност, како што пишува во книгата, се споредува со многузначајните дела од времето на италијанската ренесанса.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некаде околу петнаесетти април времето, затопли.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во август 1940 година бил мобилизиран во Петнаесеттата кралска тенковска регимента и на 30 јануари 1943 година добил офицерски чин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тие меѓу себе, тој со себе.  Тука, му раскажуваше дедо му, пристанувале импозантни венецијански галии додека, од петнаесеттиот па до самиот крај на осумнаесеттиот век, јонскиот остров бил под власта на кралицата на Јадранот, на Неапол и на Фиренца, подоцна двапати потпаѓајќи под власта на Французите и на Англичаните, но и на Русите, за чудо, краткорочно и на Турците, за конечно во 1864 да се присоедини кон матицата Грција.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Истовремено противникот нѐ бие со следните сили: на секторот Алевица се 61-та, 45-та и 73-та од составот на петнаесеттата дивизија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Петнаесетти август. Во цела Грција се слави празникот Голема Богородица.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)