песоглав (прид.)
Можев да видам низ сивожолта зачаденост како бодат и како сечат крвави и песоглави и знаев дека тројцата Турци дојдени во селото под знак на своја ламтежлива правда не личат на себе - разлеано месо и бедни крпи се под сенките на ѕверосаните луѓе што се здружуваат во глутница кога се борат и самите за своја правда, и можеше да се поверува дека од криците и замавнувањата пукаат плитарските ѕидови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Песоглавиот одвреме-навреме ја отвораше устата од која излегуваше неподнослива реа и цвилеж.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Зборовите „Гуштероглавиот и Песоглавиот, во темниот простор на мојата маса“ почнаа сами да се испишуваат, дури да се исцртуваат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тогаш Песоглавиот ме гризна и ми откина парче од слабината.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)