перчење (ср.)
Дрската наметливост и перчење изгледаа жални и смешни.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Имаше нешто во перчењето на петелот и во неговото матадорско држење, што го возбудуваше Милан.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Секое повнимателно следење на постапките на мојот постар брат го наметнуваше заклучокот дека станува збор за личност длабоко проникната од еден вид неконтролирано перчење, или, да бидам по малку и злочест: перчењето е неразделен дел од неговото неодговорно его.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)