пердув (м.)

Зад нагризениот ѕид на соседната куќа густ цут од вишни, неизброиви меки пердуви закачени за воздухот како да се двоумат изненадени снегулки да ја покријат земјата или да се вратат во торбата на Јануари.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога повторно ги отвори очите јастребот веќе го држеше во своите разбојнички канџи невиното гулапче. Пердуви летаа на сите страни.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Заробениот гулаб сѐ уште преташе со крилата. Пердуви се ронеа од неговото телце и се нишаа во воздухот како снегулки.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Второ: броеше колку пердувки има неговиот петел на таванот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Балонот е лесен како пердувка, и штом Зоки само малку ќе дувне со устата, тој се извишува уште повисоко – сѐ до таванот!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Други оддалеку ни личеа на фазани или пупунци: носеа шеширчиња со долги подвиткани пердуви.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бело, бело, бело, снегулки се гонат, во пердуви бели просторите тонат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Леле, колку коски и пердуви! Овие орлишта се вистински касапи!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
СУЛТАНА: Пердуви да летнете. Не доаѓаш во манастиров. Тука живеевте. Мачно ти е качувањето.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Уште со по некое крило, со по некој пердув.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ко пилиња под крилата од квачката, под пердувите мајкини. 76
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Небото си го пушта снегот, го отсева нашироко, си го реди, ко пердуви.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вие, вели, со камионите само ту-ту ваму ту-ту таму, кокошка на пат ќе згазите сосе пердуви ја јадете, та затоа газиштата ви се толку дебели.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Гавранот се покри со паунови пердуви: ги опчинувал ноќе жените и им земал залог, медалчиња од времето кога селските активности ловеле контрабандисти, крадци на цемент и тули за здружниот дом; со медалите се присвојувале и секакви значки, конгресни, градителски, слетски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како пердув си, Небеска, ми вели Коста, како ништо да немам меѓу рацеве.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Околу нив летаат пердуви и си капе крв на снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гавранот, со натчовечки број децении под избледените и пак несветкави пердуви, е безгласен; стои на гола липова гранка над мене и немо го отвара клунот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во тој момент истрча од продавницата за зеленчук продавачот што ние го викавме „Пиљарот“ и се развика: - Што правите, копилиња, само ако ве подграбнам, пердуви ќе летаат од вас!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се кинат птиците, летаат пердуви, ги нападнала орелска и штркелска пипка, врз коритници или врз лелеав шамок плиска крвав дожд.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги расфрлуваа отепаните птици и се смееја гласно, истркани по рацете и лицето со крв и облепени со пердуви.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе