пепел (м.)

Расплетувајќи долги коси, врз нив тури пепел: го презре својот убав лик.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Земи брадва пресечиме, Направиме: на две, на три, Наклаи си силен оган, Да изгорам да прегорам, Да се сторам ситна пепел.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
На пепел троскот, пелин! Во огин пламен јад!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
На пепел троскот, пелин во огин пламен јад!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Инаку ќе ти фрлам пепел во лонецот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И тогаш Митра го прифати новиот створ, му го претолчи папчето со две камчиња што ги спреми однапред за таа работа, скина од Достините плетенки едно конче и му го врза, го издигна за главче, го погледа и пред очите ѝ излезе нејзината Ѓурѓа кога се оддели од неа, и кога бабата Маса исто така ја однесе на горни крај во пепелта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таман и така лебот ми е коа поиспрснат, та јас мисле да заплескам нежоа царевна погача во пепелта, ама лели бркаданик по ти се бендисуа тебе ..., ајде, татко, еве ти го котлето, ќе ти отса брашно, направи ти тури — борави.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој го продолжи разговорот, правејќи бразди со машата во пепелта пред себе: — Мори, невесто Митро, шо ми а пикаш во очите таа Рожденка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Последните зборови на оптужницата се движат по мојата невидлива врвица но слаби се и се распаѓаат на нејасни слогови чија смрт се вика тишина на невините простори во кои сум побрз од времето; за сите што се далеку од мене моите часови се нивни години, утре ќе сум врсник со нивните внуци што ќе клечат пред мене и ќе бараат прошка за гревовите и подмолноста на глутницата - таа полека станува пепел под урнатината на храмот во кој ме судеа, ме осудија на смрт и станаа смрт дури и по својата смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гледаше низ мрежата на клепките: агентот го дувна пепелот на цигарата од своето колено.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И да размислувам: дали влажната белина на пролетните јаболкници го лекува очите и дали росата може да го изгасне врелиот пепел во човечкото грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нешто во свеста се кине, прска во шушкави искри.тие трепетливи светулки се извишуваат нечујно, бавно, сигурно, и кога ќе се изморат на својот пат, паѓаат, умираат, покриваат се со пепел.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Отидоа, се радува старчето и го отпретува жарот од пепелта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Врз твојата пепел и мојава нека тежи прими ме! Над сите зла Најцрно ми е Без тебе!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Тече оваа река по твоите натколеници нагоре и ако некојпат останеш без небо ќе израсне мостот повисоко од сите векови и пепелта твоја да ти се поклонува.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
V Господи Од пепелва на моево царство Народи мажи и сиромаштија. Прилега ним да им принесеш барем камен Со него да се хранат и да израснат Високо високо До откај почнува да се симиња Царството твое надолу Од тамо да го здогледаат Своето кој знае кое колено Што им недостасува.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Пршкаат со машата низ пепелта но нема ниту едно жарче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Знаеше што е бол. А ти знаеш ли што е бол? Од пламенот на неговите ноздри ќе остане само пепел.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А на месечината гласно ѝ рече: „Сите ме заборавија, а мене ме уби веста за мојата смрт.“ Чудна птица беше тој Отец Симеон, се раѓаше како феникс: од пепелта на својата смрт.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој пепел ќе биде неговото признание.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе