пенџерче (ср.)
Некои стануваа и го затвораа пенџерчето на вратничето од ќумбето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Го видов од пенџерчето кога влегуваше во дворот. - Се слушна гласот на една од жените.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Набргу по заминувањето на внучињата на Петра и Костадина, работниците слегоа до последниот кат, Пелагија и другите го симнаа сето ѓубре од најгорниот кат до првиот, го собраа на куп пред самата зграда и додека ги зачистуваа пенџерињата и вратите, поминаа неколку комисии врзани со приемот на зградата, па почнаа да се точкаат сопствениците на становите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Цел живот ѕиркам низ пенџерче. Да не видат дека гледам. Да не пречам. Да останам на страна.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Низ широката врата од приодот со стреа за миг ја виде црната маса на бродот прикотвен во пристанот со осветлени пенџерчиња.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Вечераат молчејќи. Низ малото пенџерче се гледа жолтата топка на тукушто огреаната полна месечина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)