пенче (ср.)
Ме караа, ме караа: ѓон ми го направија лицето, што се вели, пенџе...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Потоа пробуричка во шупата, додека на една греда не ја најде старата раница со која стариот одеше на редовни излети со своите врсници, а на друга страна обесени на сопствените вкрстени врвки скоравените војнички цокули со очувани пенчиња ама испаднати клинци, како едниствен трофеен плен од поразената кралска војска.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Откако отпадна сосем предниот дел на пенџето, кожата од згорнината почна да се збира и да ми ја открива ногата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)