пелтечење (ср.)
Дојде Чучук-Андреј и рече со пелтечење дека луѓето сакаат да појдат и да го извадат избеганиот Онисифор Мечкојад и од дупка на гуштерица ако треба.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Недостатокот на зборови и пелтечењето предвреме му ја затворија устата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Првобитното пелтечење беше проследено со порој комплименти на сметка на Рада, која со ниеден гест не се спротивставуваше; не се бранеше ни кога накратко прстите им беа сплетени, ниту кога неговата рака помина низ нејзините долги коси.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)