пашалак м.

пашалак (м.)

Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде во својот „пашалук" преку Црна, бидејќи пред два-три дена таму го бркаа; но заедно со Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа уште газени од потери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таквата безобзирност, глупаци, таквите соголеност и бескрупулозност побрзо ќе ги одуваат вашите пашалаци од било каква критика, сфатете го тоа, кретени!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не беа изоставени и заемките кои се употребувале за именување разни области на кои административно била поделена земјата како: пашалак, санџак, вилает, спаилак, каза, кадилак, наија, кол.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)