патем (прил.)
Крсте патема нигде не се врати на учење, а немаше тој ни што да учи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Токо, ајде Ило! Ставај, давај зоб на маските; вода патема ќе пиат колку сакаат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога таа го виде на портата, малку се израдува, но со влажни очи го пречека, оти братчето и го зедоа Бугарковци, та којзнае дали не ќе пропадне некаде патема.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Патем пак го молеше за тоа да му прости на Мирчета, но Луман му објасни дека верува оти тој Мирче е сиромав, само сака да го научи народот да знае со кого има работа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Децата патем нагоре разбраа што се случило ноќеска.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Бошка патем го мачеа рој мисли: „Ова што ми велат да го предадам не е лошо, ама ја ако не успеат да го отепаат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Окованите патем се плашеа и се радуваа. Одеа колку што им дозволуваа тешките пранги и си мрмореа тивко меѓу себе: – Сега ќе биде што ќе биде – ѝ велеше Јован на Сирма. – Ако те ослободи тебе султанот како жена, за мене да не жалиш.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Патема собраа со себе што најдоа: луѓе, стока, и за инает ги запалија сите посеви кои веќе чекаа срп и им нанесоа големи штети на селаните. – Море кој ги гледа штетите кога останаа главите – се тешеа селаните и еден по еден се прибираа по селата за да почнат нов живот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Затворените деца Мариовчиња исплашени од јатаганите на сејмените патема, се смирија и влегоа во конакот како јагниња во трло.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ги смирува чекорите и, така патем, ѕирнува преку прозорецот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Требаше, сега ти можеш многу добро да го знаеш тоа, требаше, со чекичот, што го имаше заборавено в појас кога тргна по коларот, а патем го пронајде таму и го зеде в рака да не ти се истресе некаде, требаше, со тој чекич, што се меткаше сега во твоите празни, издолжени, тешки и увиснати раце, требаше со него, по главата и да го пропаднеш на днуземи, тогаш, додека стоевте.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од нивното крескање никој не се плашеше дури ни тромиот дождалец што го сретнавме патем.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
- Само гледај патем да не ти го фатат писмото! - го опомена Планински.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Патем се сопнуваше, паѓаше и пак стануваше.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Не возбудуваа многу и не му служеа на чест неговите чести наоѓања на мали волчиња за кои патем земал награди, не беа многу возбудливи ни приказните во кои тој ги труел волците, а потоа со нивната кожа, исполнета со слама одел по селата, собирајќи дарови.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Патем до окопите се менуваа во носењето.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
13. НОВ БУНАР КОПАЈ, ВО СТАРИОТ НЕ ПЛУКАЈ - зашто и водите подземни скршнуваат патем, не се знае на каков истек ќе наидеш тука - еднипати свеж и бистар, другипати матен...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Ама, патем, само едно исто ми се одѕива во ушите: „ние пак ќе те побараме, ние пак ќе те викнеме“ .
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Патем ни умреа уште два-тројца. И ги испративме со очите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Иако, вака патем изнесени, овие преокупации на критиката беа значајни, резултатите до кои се дојде не беа докрај релевантни за разгледувањето на литературата, особено на онаа литература што ја создаде Чинго.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)