патека (ж.)
Планинска патека води покрај прошталната чешма. Тоа е место на печалбарската разделба.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Не рекоа ни збор. Змејко само го фати за мишката и го поведе кон патеката.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На волците не им требаше многу време и за да наскокаат и за да се вплетат еден во друг, насобирајќи се во својата жилава топка, што отскокнуваше, прштеше, цвичеше и крцкаше со забите, неразделно вчекнати околу голите коски на смртта, како во својата единствена и неизбежна патека кон сите идни вакви ноќи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога изоде доста пат низ таа шума од огромни дрвја, што мируваа над него, целите бели и забиени со своите стебла во снежната земја и кога беше сигурен дека тука, пред него, во следната долка, се наоѓа најголемата млака, а дирата сето време досега, како стрела право го водеше кон таму, тој знаеше дека сега ќе мора да ја напушти широката патека, по која беше толку лесно да се чекори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Косата патека ги доведе до една чешма.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Иринка ја немаше на патеката. Каде ли исчезна наеднаш?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Длабокиот снег, кој веќе фаќаше преку колена, ги присили овците да се движат само по патеката што ја направи Бојан, па штом се напија вода сами се вратија кај плевната.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Лисјата на дрвјата го почнуваат својот внатрешен немир; избувнуваат, пламнуваат и гаснат во севозможни бои; капат и ги покриваат двете патеки што водат до куќата на брегот: едната се витка по брегот спирално криејќи се меѓу дрвјата, а другата искршена како недоотворено мајсторско метро, се крева нагоре од едната страна во ци-цак; птиците црцорат, прпкаат низ крошните, ги ронат лисјата обземени од возбуда на своето скоро заминување во други краишта.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Погледнав низ прозорецот, зашто слушнав стапки по патеката.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Далечната капавица го довикува движењето на тркала во калта по шумски патеки во подмолни млаки.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Оваа патека сега треба да сврти лево И да почне да се искачува Во далечните столетија на детството.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Лежејќи загледани нагоре тројца војници си одбираат по една ѕвезда и секој ам се искачува кон неа Три жолти цветови се нишаат на ридот пред нив како три слатки збора на нивната татковина Утринум, една песна за неа и кришум место точка на крајот на песната ЧЕКАЈЌИ ГО СИНОТ „Сите патеки во пеколот да би раззеленеле чекајќи те“ (Ирска здравица) Таа со бела шамија на главата Тој со бели коси Седнати еден спроти друг Под дрвото во дворот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Се движат заедно тие секој пат по патеката своја на разните страни од својата темница.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Оваа патека сега треба да сврти лево, Да почне да се искачува, Да те доведе под едно исушено стебло, Испотен да седнеш крај него, Да се сетиш на својот некогашен дом што веќе го нема, И во воздухот, на светлината што бие откај црквата,
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Пак сме на асфалтната патека. Се ближиме кон Платомон, не случајно.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тој се наоѓа до главната железничка станица и е еден вид нејзино продолжување, а по него се движат и електрични возови, има патеки за пешаци и за автомобили.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Статистичарите забележале дека зеленилото на овој парк му го даваат 6.000 иглолисни дрвја на големата шума во паркот која е култивирана, испресечена со патеки, во кои софијанецот и обичниот патник, во пеколно жешките дни, можат да се освежат и одморат, а најмалите софијанци да се наиграат зашто тој е начичкан со детски игралишта...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Човекот ме пресретнува во улицата на дивите костени, со извинувачка насмевка ми го подава решението за престанок на работниот однос, потоа заминува, претпазливо преку пешачката патека, на другата страна од улицата.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
И ми се чинеше дека истото прашање го поставуваат за човекот што стоеше под бандерата сите оние од котлината на смртта од истурените шатори, оние што со наведнат поглед погледнуваа накај столбот, носејќи ги на врвот големите камења по патеката со расфрлени парчиња бодликава жица, тапкајќи по неа со боси стапала, и оние кои папсани ги трпеа ударите со кундаци и челични камшици.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)