партиципација (ж.)
Нема чак ни партиципација. Нема Мито Бекрија и нема врски за преку ред.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Македонија не донесе посебен закон за работничка партиципација, како Словенија во 1993 година, ниту пак поподробно ја регулира оваа материја со Законот за работни односи, слично на Хрватска во 1996 година.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
1. Оваа фондација, чиј патрон е маченикот на Германската ноемвриска револуција д-р Роза Луксембург (Rosa Luxemburg / 1871–1919), жената која беше најважниот претставник на интернационализмот и антимилитаризмот за време на Првата светска војна, има преку 200 партнери од над 50 земји, како и 14 интернационални канцеларии, во речиси сите делови на светот, а нуди сестрана образовна програма на суштински теми: глобализација, социјална правда и еднаквост, родова политика, демократска партиципација, екологија и одржливост, локална самоуправа, антифашизам и антирасизам, современа историја и критика на капитализмот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во такви услови печатот на САД ја презел на себе активната партиципација во анимирањето на јавноста околу потребата да се напушти изолационизмот и во алармирањето на опасноста од фашизмот не само за Европа туку и за САД, кои се чувствуваа сигурни зад океанот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)