парталче ср.

парталче (ср.)

Ќе ми донесиш нишан од обата. Од Доста од котата, од Илка од некое алишче, некое парталче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Значи, „културните парталчиња и крпеници” не се произволни историски изуми.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Имам фустани и мини здолништа, ама што вреди кога немам идеални нозе за да ги носам. А, блузите! Џемперите! Маичките! Вистински бедни парталчиња.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Немам причина да измислувам, сѐ што реков и вистински се случуваше, а јас дури и се обидував да ѝ ја задржам раката на Катерина во мојата за да не мавта бидејќи светилката во собата гореше и нејзиното однесување веројатно се чинеше неприлично: девојка, само делумно покриена со лесни ноќни парталчиња, им мавта на поетите наседнати по високите гранки!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ја стави десната рака во џебот, и оттаму извади црвено парталче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го чував тоа парталче со години – во фиоката меѓу албумите со фотографии, во шкафот во кој ги чував моите алишта, а понекогаш го носев со себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега тој го стутка црвеното парталче, големо колку детско срце, во мојата дланка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- На Акакиј Акакиевич ваквите зборови му го прободеа срце. – А зошто да не може, Петрович? – рече тој со речиси детски молбен глас, па само на грбот што се излитило малку, па нели можеш да најдеш кај тебе некакви парталчиња...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
– Па парталчиња може да се најдат, ќе се најдат парталчиња, – рече Петрович, – но не може да се сошијат: работава е сосема гнила, ќе допреш со игла – и веднаш ќе се разреси.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, одвреме-навреме бил попречуван од налетот на ветрот, кој појавен наеднаш којзнае од каде и којзнае од која причина, просто му го всекувал лицето, потфрлувајќи му снежни парталчиња, поткренувајќи му ја, како едро, јаката од шинелот или, наеднаш, со неприродна сила нафрлувајќи му ја на глава и предизвикувајќи му на тој начин непрестајна грижа како да се ослободи од неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Не знам дали заради парталчињата или заради куќата и замокот кои ги има.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Сигурно да ги собереш парталчињата што ѝ останале. - продолжи Ружа со својата зајадливост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)