парница (ж.)
Еден некогашен адвокат, кого клиентите почнале да го одбегнуваат заради неговата зависност, сега активен блогер под никот "Оmerta", донесе прекрасни извици, собрани по судските сали и ходници, на парови во бракоразводни парници и на корумпирани, ситни шалтерски работници, во моментот кога ги изнесуваат од полициското комбе и со врзани раце ги внесуваат во судот, снимани од локалните телевизии.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Странката која во целост ќе ја загуби парницата е должна, на противната странка и на нејзиниот замешувач, да им ги надомести трошоците (чл. 148, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во периодот од јануари 2007 до мај 2008, за оваа година и пол колку што траеше парницата, во битолскиот Основен суд се одржаа вкупно четири рочишта за главна расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Странката е должна, независно од исходот на парницата, да и ги надомести на противната странка трошоците што ги предизвикала по своја вина или случај што ѝ се случил нејзе (чл. 150, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Живееше од бранење на ситни и крупни криминалци, бракоразводни парници, фирми кои што се колеа по судови околу своите или туѓи пари.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)