паркче (ср.)
Малку потаму, во зеленото паркче, во свое време била поставена чешма.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Си ги зедов книгите и излегов во паркчето пред библиотеката, покрај Вардар.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На излезот од паркчето се свртевме. Љупчо и Џеронимо седеа на нашата клупа.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Паркчето, притеснето меѓу железничката пруга и сообраќајницата, претставува идеално место да се гледаат забрзаните автомобили: можеш да ги броиш, да запишуваш регистарски броеви.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Седевме во паркчето на нашата клупа. Го чекавме Љупчо.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Во близина имаше мало паркче. Седна на една од клупите... Тивко плачеше.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Потамина сврте в десно и се спушти надолу каде што здогледа паркче и спроти паркчето кафеана каде што, околу една маса поставена надвор, беа наседнати тројца возрасни луѓе.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- А сега ќе ви покажам каде се опив за првпат. Еве, во ова паркче.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)