параметар (м.)
Кој може да каже, барем од нашиве сегашни сознанија, кои се неговите објективни физички параметри, која е неговата вистинска детерминанта: и во физичка и во филозовска смисла?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Сати и Веберн за Кејџ беа единствени композитори од западната традиција кои ја сфатија важноста на временската димензија во музиката; првиот, со ставот дека времето е рамка која треба да се исполни (со тонови), а вториот, со сензибилната организација на тоновите и паузите истакнувајќи го траењето како нивен заеднички параметар. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 173
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
„Успеваш ли?”, запраша таа. „Во рамките на параметрите. Малку чоколадна непогода.”
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Програмот генерира облаковидни слики врз основа на алгоритам чии параметри реагираат одредени зборови во текстот што се внесува (претходно сместени во базата на податоци). 54 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Овој вид на фрактален развој многу јасно покажува дека благо променливите параметри произведуваат бурно однесување.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Особено не беше јасно што точно се подразбира под „среќа“: еднаш тоа беше куп статистички параметри кои би требало да укажуваат на нечија благосостојба, висината на просечна плата или парот чевли по глава на жител.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Според етички и морални ерупции, хуманистички параметри и животни концепти како и според некаква идеолошка ентропија, се обидуваме да изградиме сопствени верувања и ефермна вистина за смислата и целта на животот, под услов да бидат базирани на чувството на свесност за стварноста која не опкружува и во која живееме, чувството на светост и чувството на единство со сѐ околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)