панаѓурски (прид.)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Со нив тие се преполни а за купување на сувенири се отворени и најобичните панаѓурски тезги кои, во некои павилјони, заземаат голем дел од изложбениот простор, како, на пример, кај Унгарците, Русите, Тунижаните, Мароканците и кај други.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Низ решетките сонцето е како на панаѓурско огледало.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ако го најдам, ќе ви постелам бело зглавје за да се доспиете во главата на последниот од последните оџачари скопски, насмеана меѓу устите на покривите и последните снегулки на светлината, кои паѓаат во устите и веднаш се топат, како сладок панаѓурски памук на стапче.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Подобро послушен физикалец што ви ги истоварува бедните панаѓурски стакленца и перлички од Грција и Турција, отколку креативност, ентузијазам и енергија ОВДЕ нешто да се работи. Држава на шверцери и пејџер-типови.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во неа држев викторијански мебел помешан со едно старо коњче- играчка, панаѓурска машина за мерење сила, лампи од Тифани, играчка- Индијанец кој продава Andy Warhol цигари, полнети пауни и еден стар флипер.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Панаѓурското шаренило на „интелектуализирање”, коешто требаше да ја претставува демократијата, брзо, еве, се хомогенизира во една расистичка војна со невидена бруталност.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
И, куц-куц, ајак-ајак по снегот и по мразот, вртејќи крај големата панаѓурска сергија со грнци, вино, месишта и лебови од манастирот, Петре си коваше еден свој план.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Луѓето растануваат, се збираат и пак почнува панаѓурската врева.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Оттаму, дијалогот почнуваше да ни личи на панаѓурските теглења јажиња во коишто победуваше секогаш оној од едната страна на линијата, а самата кулминација неодоливо потсетуваше на еднострана сексуална катарза.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)