палјачо (м.)
Јунаците стануваа палјачовци.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Памучниот палјачо е глупав надеж, се наведна таа. обична играчка со истргната нога.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Едно чеволче, за едната нога на детскиот палјачо, една алка во непрекинлив синџир на постоењето.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Не прашав тоа. Имаат ли твоите деца памучен палјачо?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Зашто тие исекоа сѐ што сретнаа на својот пат - и нозете на невеселиот палјачо и коренот на маслинките.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Тој палјачо не е сенка, - рече Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
- Нацртај нешто тажно, - рече Карамба-Барамба, а јас го послушав и нацртав тажен палјачо.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
- Јас не сакам палјачо, сакам сенка.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Меѓу вжештените извици, Ева балансираше како златокос палјачо со модри очи – од молчаливото насмеано кукле ќе се расприкажеше разгалената сестричка, а пак од оваа ќе проговореше некое стармало суштество во детско обличје.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тој е денеска жална пародија на некогашниот „мислител на подиум“, промискуитетниот палјачо на јавната сцена.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
И тогаш куклите, од вртелешките, автомобилите, формулите – еден, два, три, моторвелосипедистите со очи од прскалки, жонглери, палјачовци – се изграмадисаа на санките Дедомразовски, како купчиња муви на презреани крушки, некои паѓаат, некои слетуваат...
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Во едно нешто има право оној новинарски палјачо од „Ел Тиемпо”, таков е Цви: крут, тврдоглав, нефлексибилен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)