пакува несв.
пакување ср.

пакува (несв.)

- Утре се пакуваме, војводо. За ручек да направиш еден убав качамак, за цела зима да ми трае, - рече археологот и стана...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се запознав со Драгана. Тој ја пакуваше својата слика за една брачна двојка Англичани, што ја откупиле за 200 франка. Драган, по сѐ изгледа беше задоволен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Хаосот се дели на купчиња, се пакува во светликави пластични ќесички и се затвора со сигурносен патент. Цап!
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Треба да се пакувам, си заминувам одовде! Ми се смачи и од вас и од оваа ужасна куќа!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ги пакував книгите и испишаните хартии, мојот кутар есеј остана незавршен. Поставени беа основните тези и дури некои од нив разработени за природниот амбиент и неговата поврзаност со секојдневието на луѓето.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Така настана некој производ што се пакуваше во истата пластична амбалажа само во проѕирна варијанта.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Вечерта се пушти глас: - Пакувајте се! Заминуваме!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- „Што можеме да промениме?“ Со едната рака ги зграпчуваме своите спомени, а со другата ги пакуваме своите куфери.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Најслатките подароци на животот сами си ги купуваме и пакуваме, сѐ друго е данајски дар.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И, додека гледам како под фолии насадил цели леи вртипоп, нане, босилок, мајчина душичка, тој ми покажува дека има и сушилница за билките, горд на производството и на погонот за пакување: маса на која една жена од ѓутуре ги меша сувите растенија, ги мери на кујнска вага, ги пакува во теглички и им лепи декларации.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако молчи и е многу лут, ама не сака да признае, затоа што го тргнала од пред телевизор баш додека траеле квалификациите на авто-трки, па само кима со главата и ми ја подава картичката за секој фустан што таа го пробува, тоа значи „пакувај!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А што е тој, кој ја произвел, тој, кој ја пакува, тој кој ја чува добро подмачкана, тој кој издава наредби?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)