очник м.

очник (м.)

Бол сум во црвен мрак и носам отров во волчите очници.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Секој писок, секој нов скок, секој празен заграб на секоја болка во празното удирање на голите очници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И при секое ново прикрцкување на неговите очници тој сеќаваше како прстите на познатиот ладен грч му се стегнаат под гушата и просто го задавуваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На месечината понекогаш ќе светнеше стаклесто црно само по некој поглед, како поглед од истечено око, ќе проблеснеше само по некој отскриен заб, но сега сето се престори во некакво чудно сновење околу неговата пилана, едно такво забрзано одминување, при кое секој од нив, со една чудна фанатичност во таа проклета осамена недоверчивост во оние сиви, изребрени тела, како да мораше да мине на секое место, така што неколку пати се случуваше да се судрат по два, а притоа само остро ќе прикрцкаа нивните очници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
КРТОВИЦА: Исто оди. Исто смрди. Исто чкрипи со очниците.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)