оцена (ж.)
Од гледиште на морален апсолутизам можеби најзначајната причина за толерирање е злата оцена дека тоа зло е неизбежно без оглед на нашето однесување или дека прифаќањето на некои облици на негово изразување е помало зло.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Мразот го скршив и од предметот пеење кога морав да пеам соло што се вели пред самиот класен, оти, иако се изнасмееја сите, а и тој, сепак не ми стави слаба оцена. Како за почеток, вели, добро е!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Но сепак, сега засега донекаде задоволен, ги остави платната едни до други, збиени како камчиња мозаик и ги опфати со завршен поглед давајќи им преодна оцена.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Таа доби надлежност да врши преоцена- ревизија, покрај на оние наоди, оцени и мислења на Комисијата за оцена на работната способност со кои е утврдена 94 инвалидност, и на наодите на новоформираната Комисија за задолжи- телен контролен преглед, при што е овластена и да изврши непосреден лекарски преглед на лицето кај кого е утврдена инвалидност, односно неспособност за работа (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Нејзиното барање, врз основа на Наодот, оцената и мислењето бр. 2322 на Првостепената комисија, раководителот на подрачната единица го усвои и – во јули 2002 – донесе решение со кое се констатира преостаната т.е. намалена работна способност, со препорака за работа со скратено работно време.4
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За остварување на правата врз основа на губење на работната способност, преоста- натата работна способност, телесно оштетување, потреба од помош 143 и нега и неспособност за работа врз основа на која се остварува семејна пензија, фактичката состојба се утврдува врз основа на наод, оцена и мислење на Комисијата за оцена на работната способност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По оцена на работодавачот, со писмен налог на овластеното лице кај работодавачот, работникот се отстранува од кај работодавачот со надоместок во висина на платата на работникот до донесувањето на одлуката за отказ на договорот за вработување, ако: 1) работникот со своето присуство кај работодавачот го загрозува животот или здравјето на работниците или други лица или се оштетуваат средства од поголема вредност; 2) присуството на работникот кај работодавачот штетно ќе се одразува врз работењето кај работодавачот; 3) присуството на работникот оневозможува утврдување на одговорноста за повреда на работните обврски и 4) кога против работникот е покрената кривична постапка од надлежен орган за кривично дело сторено на работа или во врска со работата (чл. 83, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Многу размислував дали воопшто да му го дадам ракописот иако неговото мислење ми беше завршната оцена за реализација на моето дело, па како и да го наречам, новела, есеј или роман...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Дали оддалеку се чита дека немам кому да му виткам сармички од лозов лист и да му спремам подварок, па девојчињата дообучени од Агенцијата за вработување за тоа „Како да го погодиш вистинскиот муштерија за вистинската книга“, го положиле испитот со висока оцена и мене ме издвоиле од толпата?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Мислам дека мојата комуникација со нив беше сосема коректна и избегав да давам слаби оцени.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)