офтика (ж.)
Брат ми е болен од офтика. Штом ќе умре, стрико ви ќе се пресели во неговата куќа.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Од долги проучувања и набљудувања, веќе имаше и свои заклучоци: ако ѕвездите од северната страна започнуваат како престоени цветови да венат губејќи ја бојата и сјајот, претскажува дека ќе фатат големи болести по луѓето: улери, дамли, трески, тифуси, офтики, чуми, бисерки, приштови, заушки; по ајваните: шапови, бутури, метили, лигавки, сараџи, красти, струпци; по кокошките: слепило, вртиум; по кучињата: беснило; по полето: каклици, жудилки, глутници, спарини, мемли, скувалки, пепелаш; по дрвјата: пајажини, гнилачки, имела, трат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Медот е лек за сите болести; нема болест што не ја лечи: тифус, офтика, дизентерија, гушоболје, малокрвност, болки на срцето, на џигерот, на жолчката, на бубрезите, нервни заболувања, настинка, ревматични заболувања; го регулира притисокот на крвта, помага при несвестица, слаб вид, астма, ја штити кожата од лишај, красти, првут, струпци, спречува труење, зарази, уништува бактерии.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Како чума да минала низ градината како офтика црна во домот та гасне полека сѐ во беспомошноста на векот и човекот и радоста на човекот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Стравот од беснилото и офтиката помина, и сега луѓето уште од станувањето наутро, очите ги вртеа кон дувалото.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Појавени се бакцили на офтика и беснило. Од офтика умреа двајца, од беснило еден.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Зашто, велеше, Акиноските му пишале дека Видан бил тешко болен, од офтика, и дека требало да диши чист воздух, како нашиов, како овдешниов.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Уште полошо. Ракот ќе погоди еден од семејството, а офтиката погодуваше цели семејства.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сфатете, предупреди еден меѓу нас
кога народот ја претчувствува
мемлата во говорот, офтиката
несомнено насетува неслобода
осој, таму кајшто треба да припекува
слободата на зборот и мислата
сласта на грлото кога го испушта
гласот милозвучен
ништо подлабоко во човека не пробива од јазикот
во него е сѐ она што по којзнае кој пат било
не само овде и не само во нас.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)