оттаму прил.

оттаму (прил.)

Се спуштија други во Стан; и по куќите, вични, бараа пченични лебој, Доведоа оттаму десет ергенчиња лични: некој да служи ни требал!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Во 1902 год., кога Крсте дојде во Битола, стана и домашен учител на конзуловите деца, а на 26.7.1903 год. (ст.стил) тој му беше единствениот сведок при убиството и заедно со неговото тело мораше да ја напушти Македонија и отиде во Одеса, а оттаму во Петербург.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
107. Замешувањето на Бугарите и Србите во Македонија беше предизвикано од некои околности: Македонците одеа рака за рака со Бугарите во црковното прашање: оттаму проширувањето на власта на Егзархијата во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
МИТРЕ: Готово му е сѐ. Одовде до Струга ќе оди со Пандета, сватон твој, а оттаму има и други што ќе одат заедно до Битола.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тогаш Анѓеле што ќе прави на тоа парче земја, оттаму како ќе се врати ако не го примат?! (Потонува во мисли).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Оттаму се слуша глас: — Не си а давам, неее!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој Јован Ѓуров, или како го викаа в село — Ѓуровчето, беше син на дедот Ѓура Јовановски од нашето село Витолишча, кој, за да го исхрани Јована и трите му сестри, помали од него, одеше секоја пролет во Ќесендра или Метуите на жетва, а откако ќе се вратеше оттаму продолжуваше со аргатлакот во Прилепско или Битолско Поле. Со парите што ќе ги донесе од жетва ќе купеше толку леб, колку еднаш во денот да јадат децата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така Ѓуро по два месеца, некако пред Божиќ, се најде со група „с'омнителни лица" — гркомани, србомани — во Хасково, а оттаму во Стара Загора.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чекајте го на патот преку река. Оттаму ќе го пуштам да си оди.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Луман се бркна во појасот и оттаму извади една шарена шамија во која нешто беше врзано. Ѝ ја подаде на Танасица.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Честите царе, сонце наше сјајно! Го добив твоето свето решение од 30 шевар 959 год. и се зафатив со работа да ги фатам и покорам бунтовниците, но нивните водачи избегаа во големите планини и оттаму ја бунат и понатака рајата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Изнемоштен и очаен пашата се затвори во својот сарај и цели години не излезе оттаму.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А оттаму водеше само еден единствен пат: во вреќата на некој старинар...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во огледалото брзо исчезна ликот на Јанте. Оттаму гледаше сега Сашка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зошто неговите другари го отстрануваат оттаму.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сува измаглина лебдеше во здолнината на ридот и оттаму допираа до затворот згаснати шумови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Струењето оттаму на свежина, што единствено го храни животот на овие неразбирливи упорни луѓе, е прекинато.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нив тој ниеднаш не успеваше да ги најде и да ги погледне отворено; кога ќе ги побараше, застанат за да здивне, тие просто како да се стркалуваа, притискајќи се зад стеблата, за да наизлезат оттаму уште веднаш, штом ќе заминеше во новиот залет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Отиде во работилницата и оттаму донесе една ракатка сено, го чуваа тука за коњите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе