отстрана прил.
отстрани св.

отстрана (прил.)

Но ако еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓи влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Значи, да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сѐ отстрана.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овој го дочека, го стисна со левата рака околу врат додека десната ја држеше над него како да го посолува со нешто но веќе Андон му притрча отстрана и му се фрли в нозе а јас преценив кај е најслаб противникот и му се обесив на грб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Некако стана и го избегна новиот напад. Така успеа отстрана да го начека противникот и да го фати со забите за врат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Или пак еднаш оние луѓе отстрана ќе мораат да го откријат сето тоа со нив; што доаѓаат да видат како е во нашава Задруга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Целата училница клокоти и врие. Јас вртам цртеж и го гледам: и право и отстрана, но никако не ми оди од рака: споредувам, но лицето не е како од учителката. Особено носот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Отстрана шибјето се витка пред градите и удира душмански по лицето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Никогаш така не сум трчал по угорница: зазбивано и молневито се пробивав низ калливи трапишта придржувајќи се со рацете за шибјето отстрана.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го погледна трупецот отстрана. Од едниот крај виде отвор, затнат со партал.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во тунелите што се создаваа на тој начин момченцето полека се губеше, поправо тонеше, па кога некој би гледал отстрана би му ги видел само рамењата и главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
34. ЛУТ МАЖ - ДОМОТ СЕ ПАЛИ, ЛУТА ЖЕНА - ДОМОТ ГОРИ - кој ќе дојде отстрана пожаров да го гаси врз оганот полиен ко бензин ќе се стори и само камен на каменот од домот ќе спаси...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
И мравките, ене ги го изнесле својот одвишок од храна да го потсушат на благото сонце да не им се расипе од зимошната влага, а мрзливиот штурчо дебне отстрана да може да крадне некое и друго зрнце, оти прегладнел за овие три четири месеци лежење под снегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој ќе се попари од млекото, ќе дува и на маштеницата, потфрли Сугарев отстрана и разговорот се сврте за положбата што настана по неуспехот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го обгради дворот со плетена жица, го затвори и отстрана и згора и направи мачкина фарма.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тогаш, бездруго, ќе започне огнот да гори, а душманите ќе гледаат отстрана и ќе се ситат, ќе уживаат кај што ќе се черечи брегот, кај што ќе се распарчува...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Снегот беше повисок, отстрана, неколку пати од „мерцедесот“. Патот не се гледаше.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
28 Кузе застана отстрана и, небаре восхитувајќи се не толку на она што се гледаше на плакатот, ами на тоа како беше закован на ѕидот од бараката, одолговлечено викна: - Их! Јунаци! Види ги, мајката!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ја гледал, ја меркал откришум кога врвела низ селото, одел зад неа, одел отстрана, го гледал секој дел на нејзиното тело, ја вагал со очите како купувач кога купува добиче и се двоумел.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Така успеа отстрана да го начека противникоти да го фати со забите за врат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тогаш истрелите се згуснале - на пресигурните преостанати петмина војници или одметници удриле отстрана оние што биле со говедата на поило.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ѝ пријде на колата отстрана. Момчето му ја позема раката и му даде пезос.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе