отстои (св.)
Чувствувајќи го до себеси својот војвода, востаниците отстојуваа до последен здив и се биеја до последен куршум. Но куршумите намалуваа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Птичишта некакви, неспокојни и грабливи, крескаат низ дрвјата и му отстојуваат на шумот што се крева од нашите стапалки.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
А тоа, отстојувањето на Имотот, во градежна смисла, сѐ до средните шеесетти години на нашиов век, кога се урна господарската живеалишна зграда, се должи покрај на отпорноста на градежниот материјал (камен, малтер од негасена вар и дабово дрво) и на вештината на градењето, уште и на итроста, грижливоста и жилавоста на неговите стопани, а потоа и на една, иако понижувачка, среќна историска околност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ќе остане некој збор, тенка мисла, книги (што треба да отстојат во визба).
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
„Ќе го закопаш гневот во метален сон Потоа сонот ќе го однесеш на ковач Да искове од него меч Сечилото ќе треба да отстои Во смрзнато срце на змија Растена на најлудо сонце Да блескоти Да блескоти Да блескоти Со вулканско црвенило“.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ја премолче и ја остави да отстои уште малку тајната над тајните.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Пред училиштето отстоја неколку добри часа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И кога пак на грчки ѝ го читале писмото за двајцата внуци кои лани останале меѓу карпите на Клефтис во Грамос, дека и тие јуначки отстоиле за славата на Грција, тогаш нејзиното срце не дознало гордост, не почувствувало достоинство, туку се згрчило во непреболот и во навредата затоа што тие, имајќи своја земја, свои корени натопени со крвта на толку други јунаци, во писмата и пишувале оти загинале како Грци за Грција, а неа затоа што не го знае грчкиот јазик и в црква не го разбира попот грчки и не знае на грчки да му се моли на Бога, ја презираа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И така мајкините и бабините најсакани гинеле за славата на Грција и вределе за Грција само тогаш, кога знаеле да пукаат, да убиваат други, да отстојуваат, со својата крв да ја величаат Грција.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)