отсекогаш прил.

отсекогаш (прил.)

Отсекогаш децата од Брезница најмногу сакале некако да се најдат кај Бистар Кладенец.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Па тој ме тера мене да помислам често дека сите луѓе отсекогаш краделе, а тоа е онаа неговата вистина, што тој ни ја наметна на сиве, така што дури и јас речиси заборавам многу работи, што ги знаев за животот, кога мислев дека сѐ зависи од тоа колку се сака да се создаде нешто, и колку труд ќе се вложи во тоа, и колку чесност и ќе се вложи во тоа, колку чесно и ќе се сака и ќе се создава тоа, и уште колку среќа ќе се има притоа, и дека не постои ништо друго, што би можело да влијае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа беше сè што го сакал за себе отсекогаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше како целиот свет да бил отсекогаш само една таква кобна осојничава модрина, во која синото се разлеваше, сѐ посилно пробивајќи се и преплавувајќи сѐ друго со својата мртва потечност, и само некаде таму, напред, зад сето тоа, стои некаква топлинка, што те влече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За Зоки ова е малку необично. Тој отсекогаш мисли дека е пораснат, но другите тоа како да не го признаваат.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Планината и целиот крај отсекогаш биле мирни од таа страна, па момчето не се плашеше за својот живот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Никој веќе со никого не тргуваше, никој во никого не веруваше, ѕидот беше повисок отсекогаш.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но тој отсекогаш си беше на грижа на жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Отсекогаш си бил плачко! Некој чука на вратата.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
На она место што отсекогаш го прижелкуваше – од другата страна.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
МАЛИОТ: Како не сме знаеле? Отсекогаш знаеме.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Казната на џезата, на тој див закон (отсекогаш право на неколцина старци) да се глоби, дури и да се тепа и да се претепува виновникот па и со негова крв да се мие срамотата што му тежи на селото, ја зел во свои раце Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ќе го пречекори каменот небаре отсекогаш бил таму“.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Нагласи дека манастирот отсекогаш бил словенско просветно и културно жариште; дека населението околу манастирот по вера се православни; дека прават целина со крајбрежјето на езерото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Последниве денови, често си правам биланс на мојот однос кон животот: иако и татко ти и ти постојано зборувате како сè е онака како што јас сакам да биде, дека јас ви се наметнува, всушност јас отсекогаш сум ви се потчинувала.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Отсекогаш. Отсекогаш. Ако водата е најсовршената природа, Платон најсовршената мисла, Исус најсовршената жртва, тогаш ова е најсовршената и најчиста радост – таа внатрешна предаденост кај билката која се преобразува во цвет.“
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Па да, си велам, отсекогаш сум знаел дека Балканот е богатство на убавини.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но тој отсекогаш си терал по свое.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Живеејќи отсекогаш во блискост со големите француски писатели чии дела ќе им ги открива на своите студенти во Скопје, пред да стане амбасадор на својата земја во Париз, Старова ќе ја наследи и традицијата на убавото пишување: настојчивост и строгост во функција на смислата од каде што ќе се роди, како искра меѓу два силекса светлината...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Единките ќе умрат, како и секогаш, но нашата историја ќе стаса толку далеку колку што воопшто ќе ни затреба да се загледаме во иднината, и со сознанијата од нашето постоење од сите времиња што допрва ќе дојдат, ние ќе ја сознаеме вредноста и оттаму и одговорот по кој отсекогаш сме трагале.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе