отпрета (св.)
Кога се качуваа по скалите, им викна на домашните да извадат видело и да го отпретаат огнот.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Под него најде еден слој црвена земја, што беше сосема сува и се раздробуваше во црвеникава прашина, а под неа се откопа сламата, од која тој внимателно ги одпретуваше компирите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мислеше така за сето време додека ставаше иверки над живите грутки жар, што ги отпрета од под пепелта во печката.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Едвај ги отпрета нозете од тоа, оловни. И ги покрена да заминеш.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога нѐ отпретаа, нѐ триеја со снег, на голо триеја и после ни запалија оган, и ние се туркавме околу огнот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)