отпорен (прид.)
А тој е необично отпорен на нивните налети.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Инстинктот на самоодржувањето и на козите и на луѓето беше слеан во заедничка отпорна сила што не можеше да се уништи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не сум веќе толку отпорна.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Внатре во опишаната лична Космогонија во која тие оперираат, еден сет на приватни шеги проширени во јавната арена, Жилберт&Џорџ се отпорни на секаква критика.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Се уриваа со експлозив отпорните храмови.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мисијата на нашата театарско-писателска делегација се очекуваше да успее, макар што патувањата од овој вид беа ставани под лупа, пред сѐ поради отпорната граница – ѕид помеѓу двете соседни земји и тешкото покревање на силите што требаше искрено да ги нормализираат односите помеѓу двете земји.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се чинеше во отпорниот дел на неговата душа, „идеолошката инвазија” на Горски според другите, немаше такво значење.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Токму вонивните урнатини, остануваше супстратот на народниот менталитет којшто беше отпорен на брзите револуционерни промени.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Имаат утепано поише црвени мундири отколку што Бата Живојиновиќ има утепано Германци (и Бугари), киселоводски стритер – улична џукела, отпорна на све.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)