отповеќе прил.

отповеќе (прил.)

Толку пати поминував од таму, таа зркната во мене, ама оти самичка, не се осмелував да ја опитам, ама денеска самата нè запре и нè внесе внатре, вели знам што бараш, те гледам секоја недела како го вртиш комшилукот со девојчето во раце и со ова убаво куче крај себе, ми кажаа што бараш, и така, ти била самичка, си имала една одајка отповеќе, вели дојдете уште од утре!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Некој е вишок тензијата е последица од премногу сакање ниски страсти, совпаѓања а предметот на желбата еден и неделив мистичниот копнеж по неделивоста нѐ поврзува да учествуваме во с-подвижната драма на свеста (coitus interruptus) во одложувањето на кулминацијата секој од нас цел го сака цела ја сака колку повеќе ја одлагаме драмата толку повеќе е тука приклештена габаритно еуфорично распиштолена по меките, лимфни, срамни и кршливи пасажи на твојата, мојата или на неговата психа, навидум силна налик на лунатик хистеричен порив да се биде роден да се осети на свој грб животот сѐ недостатен, сѐ пожелуван сѐ отповеќе, сѐ отпосле сѐ притеснет испустен или пренаселен сѐ загрозен, заплашен, изнемоштен од перипетии, пресврти и стресови од иселеништва, делби и егзили сѐ лишен од разврски создава лажна, мелодраматична слика - нема друг и никој не е сам - - целоста е устрем обичен, а врховен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И отповеќе, ќерко. Знае мајка што ти вели.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ако има приказни ќе има и недосонувани сни Ако има сни ќе има и јаве Ако има јаве ќе има и сејач Ако има сејач ќе има и семка Ако има семка ќе има и лебец Ако има лебец ќе има и вино Ако има вино ќе има и денгуба Ако има отповеќе вино ќе има и мушички Ако има мушички ќе има и пекање по светлината ноќум.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Нека си пеат и третите петли... Велипеток е - ден за молитва и молчење. Отповеќе работа не се работи. Ама саде за душа човечка.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)