отежнат прид.
отежне св.

отежнат (прид.)

Нашите национални интереси ѝ диктираат на македонската интелигенција и на македонскиот народ да ѝ се помогне на Турција да излезе од отежнатата положба во којашто ја кладоа религиозните и националните пропаганди во Македонија и државите заинтересирани за нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сѐ додека излезе кај ливадата на Бошка Манев, го слушаше само шумењето на реката и ја чувствуваше натежнатоста на ѕвездите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
...големиот закон на природноста наспроти квадрантите промислата наспроти оправдувањето лебедот наспроти кристалот крв слободна од телото се простира пред окото зад извикот таму каде чека твојата сребрена чевличка твојот заден траг... знаците од сонот или сонувачите како алтернативци ...отежната од змиските клопчиња гранките се веднат скоро до паднатите лисја зошто оттаму од живите шуми ме потсеќаш на своите боси стопала јас не сум лошиот родител ниту ти оставеното дете тие чудовишни црнобели слики се сосема предвидлива компензација за отсатноста сонот место допир декорот го бираме наизменично ноќва се моите змии шумите следната ноќ возењето во спротивна насока распарченото тело на асфалтот крваво што го љубиш осветлена во трикото на невина балерина потоа јас летот над градот по ехото на твојот глас па ти појадокот во природа со заборавените заеднички пријатели...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Баричките од двете страни на улицата. Отежнетата, изводенета топка и прикриеното негодување на децата кои ни помагаат да не го заборавиме бесмртниот фудбал на мали голчиња.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
За среќа Земјата остана на нозе и продолжи да чекори со својот отежнат од, ја понесе дури и реката по која истече силата на јунакот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
 8 Во овој транзициски период, преку измените на ЗРО – кој, како основен закон (lex fundamentalis), ја игра улогата на своевиден „работнички устав“, работничките права особено се влошија во следниве сегменти: драстично се намалија правата на работниците кои се прогласени за „технолошки вишок“; воведен е отказ без отказен рок; значително е отежнато остварувањето на правото на штрајк; намален е законски гарантираниот годишен одмор; овозможено е, преку дефинирањето на работното време, работникот да биде натеран да извршува какви било работни задачи, а не само оние кои се соодветни на неговото работно место и квалификации; а временскиот период за работа на определено време беше продолжен од една, дури на пет години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Камилски тоа добро го увидуваше и еднаш со отежната совест и ѝ призна: Уште малку ни останува да го завршиме нашиот проект, потоа ќе дојдат подобри времиња, те уверувам...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)