остварување ср.

остварување (ср.)

Во постојани расправии со препредени и со лукави трговци Евреи, Ерменци, Македонци и други во Солун, и Битола, тој научи да се снаоѓа и да биде упорен во остварувањето на своите замисли.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Попусто е човек да му се опира на тоа што станува и што треба да стане и да ја бара чистотата на својот убав сон во средствата на остварувањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Имав голема желба да видам како, преку уметнички остварувања, на сцена може да се доживее она што секогаш останувало како најскриена дискреција во интимите на човекот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ни покажа еден отпечатен сепарат по кој се одвива реализцијата на рекреативниот центар. Тоа е нејзино остварување.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тие претставуваат несомнен придонес во развојот на нашата новинарска мисла и се вградуваат во трајните остварувања на македонската журналистика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Венезилос ќе рече: „Словеномакедонците не се чувствуваат ниту како Грци, ниту како Бугари“ (фала богу, фала богу) и се прави Абецедарот, лепата чупа п'лни вода, но под притисок на владите од Софија и Белград, се уништува, а Венезилос пак ќе рече: „Ако Словеномакедонците бараат училишта на својот јазик, јас ќе бидам првиот во Грција што ќе се заложи за нивно остварување“, но пругоре вода не се навраќа, оти и врвот се плаши од потоп,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оттаму, длабоката привлечност кон телото, кои неговите состојби и промени, кон остварувањето на допир со другото тело, кај мене извира само од љубопитноста на истражувачот за немирните игри на виртуозот Ерос.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но, кога секретарот го спомна „комунизмот”, тој итро го прекина: – Ние, брате, со нашите кози, се враќаме од комунизмот, а вие дури сега сте тргнале кон неговото остварување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најпровокативен во оваа глава е поднасловот “постмодерната ситуација на идеологијата”, особено уште претходно најавената теза, дека “ во еден постмодерен, ‘раскинат’ свет со сѐ поголемо забрзување, има помалку шанси за остварувањето на идеологијата”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Индивидуите не можат да ги согледаат начините на кои овие вистини ги формираат, како делување на моќта, туку напротив, ги доживуваат како остварување, ослободување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Така, иако идеологијата (во процесот на легитимирање) се повикува на човекот, во процесот на нејзиното остварување таа нужно го запоставува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поради тоа, црниот пазар и понатаму на криминалците ќе им овозможува остварување на високи профити, што главно не би ги ублажило денешните проблеми како што се корупцијата, криминалот и насилството.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Позитивистичкиот механички материјализам ретко во некое современо филмско остварување е поткрепен со толку одломки на денешнината, особено затоа што осумнасетовековната поставка во филмот Гринавеј континуирано ја спроведува.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И за последен пат ќе го допре задржаниот човечки здив, жешкиот здив на стравопочит и восхит што го навестува остварувањето на еден сон.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Компјутерите се апарати, коишто со егзактно калкулативно мислење овозможуваат остварување на можностите во човекот, меѓу луѓето и вон луѓето.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Музичката понадица е едно од најголемите остварувања на Бах во уметноста на контрапунктот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но ваквата претстава во голема мера е утописка и нејзиното остварување е невозможно поради силите на инерцијата, ентропијата, апокалиптичниот тестамент и партикуларниот егоизам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ова сознание многу уметници од бивша Југославија го користат како успешна уметничка стратегија и предизвикуваат големо внимание со своите честопати просечни уметнички остварувања.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Врежување, прободување, саморанување и исцрпување на телото во секаква форма го прават основниот репертоар на постапки со коишто овој модерен примитивец од Лос Ангелос се служи во своите театарски остварувања.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Погрешната идеја, со последици во остварувањето со страдање на цел еден народ во фаталните граници, зачнала во умот на диктаторот, во неговиот делириум на владеење да се сочува власта небаре од Бога дадена.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе