остане св.

остане (св.)

А грешните ќе да останат на земља, темни, гнасни, и грозни, и страшнии, и тешки како олово.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Се изгасна родот, а друго освен тебе дете немам, не остана надеж.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но насреде уште останала самотна греда, ама да потпира јако.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ти остана детенце, утеха една во жалост, бујно ко фиданка в гора, За подвигот татков со восхит ти, иако мало, сакаше јас да ти зборам.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Само ми остана, младо, крвава кошуља, над која ја тажам, плачам, врели с'лзи лијам.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Да што бил црн пусти касмет мој, да останам уште млада вдовица.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Силјане, му рекол Аџијата, при сѐ што те милувам многу, атер нема да ти остане, нема да седиш во моево седело, ами ќе си седиш на другиот крај на куќата, чунки нам ни е седелото домаќинска постела.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Откога видел Силјан оти не веруваат, почнал да им кажува што му правел на татка си, како го поучувал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовникот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како правел муабет првата вечер у Аџи Кљак-кљак, како му прикажувал за старецот што го отепале децата и што колнал, како излегле двата извора од кога им изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патувал од штрковата замја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да останат вечно спомените тешки за војвода тука што остави снага, за честа што тука во часови жешки бој водеше страшен за слобода драга.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
А знаат ли Бугарите оти во тоа време кога тие го имаат во Петроград еден Станчев, Србите го имаат таму еден Пашиќ, 78 или еден Груиќ79 или еден Новаковиќ? 80 Овие дипломати последователно се или во Петроград или во Стамбул; и на едното и на другото место тие остануваат по неколку години со ред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
При допуштањето да се доселија готови јужнословенските народности на Балканскиот Полуостров совршено неосветлено останува прашањето за границите меѓу Бугарите и Србите, особено прашањето со какво население беа населени средновековните: Морава, Кучево и Браничево, или, со други зборови, денешното Кралство Србија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога се ослободи Бугарија и се усили државата на Немањиќевците, во која влезе поранешниот дел од Македонија, т.е. денешна Србија, – таа, т.е. Македонија во денешната нејзина големина уште остануваше византиска земја, каде што продолжуваа да се креваат востанија против Византија, за коишто се бараше сојуз и покровителство од соседните држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А Темјанка? Што ќе се случи со нив? Не, останувам!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
МАНОИЛ: (Ѝ го препречува патот) Стој, ти си моја жена и без моја дозвола не можеш да ја напуштиш оваа куќа. Ти тука ќе останеш!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
КОСТАДИН: Ех! Знам и јас... Пари им требаат! Пусти да им останат... (Чекори нервозен).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
БОЖАНА: (Останува некое време беспомошна во страв за Костадина.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тој често ми зборуваше: останал вака вдовец, како јас сега и на старост се оженил.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Да видиме колку ти чини лозјето, па да направиме нов сенет уште колку ќе ми останеш борчлија и да ја свршиме работата...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А таа, сиромашката, ако ја остави, откако ја изнесе на глас... Ќе си остане за век неомажена...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А, бог те убил ѓаволска направо, а, парче и бурмиче не останало од тебе, вртешко лажлива!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Повеќе