осиромашен (прид.)
Со други зборови би биле осиромашени за размислата на творечката преобразба и визија, за смислата на прогресот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Пазарот на зеленчукот и овошјето беше осиромашен, зашто тој веќе е префрлен во новите постројки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во тоа време, некако со тивката побуна на селаните од намуртеното Кукулино и од Побожјане, Кучковица, Мирковци и трите осамени куќи над Јанакан, некој доселеник од Измир, Селџик-бег, по татко Турчин, по мајка Ерменец, осиромашен куц поет, запишувач и опишувач на обичаи и познавач на народи и балкански јазици, застанал на страната на ограбуваните.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Смрт за балканскиот предавник! – викаа сложните балкански маси сите со ками готови да си ги збрцаат во грбот едни на други така што потоа Европа да остане осиромашена. И толку.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Нашите пливачи - избрани и самонаречени балкански властодршци и нивните следбеници - ја заведуваат Европа која плете чорапи на балконот, и своите народи коишто изгладнети и осиромашени седат на брегот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сите нацистички или фашистички школски учебници се служеа со осиромашен вокабулар и со осиромашен вокабулар и со елементарна синтакса, за да можат во корен да ги сосечат инструментите на комплексното и критичко мислење.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Откако го коментира првото значење, тој додава: „потоа, со едно семантичко продолжување од високо филозофско значење, личност лишена од интелигенција, суштество осиромашено од разум.”
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Според неговите опсервации Источна Македонија била целосно осиромашена.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Се знаеше однапред дека ова стебло ќе биде уште понецелосно, осиромашено со многу засекогаш загубени гранки, како што беше, впрочем, и самиот Мајкин живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Специфичен вид стварност.
Леглото истинува. Добива изгореници од студ. Озрачен вишок -
осиромашен ураниум.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Но осиромашениот ураниум беше најмал проблем за осиромашениот народ. Осиромашувањето на духот беше далеку поопасно. ***
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Тоа е категорија на женски род која навремено ја увидува својата општествено статусна положба и не можејќи на интелектуален план да успее, пробува на наједноставен начин, преку барање богат спонзор и со својата лепота да се протне во самото општество кое не само што е осиромашено економски туку и духовно.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- Осиромашениот ураниум од Косово ќе ви биде збогатен додаток во организмот. Леукемијата е гратис.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)