осет (м.)

Кога запре дождот, Цанул излезе, и по некаков кучешки осет, се упати право кон лозјето; се допре до колибата, го залепи окото на прозорчето, ја виде кожата кај што прета, го почувствува нивниот здив, го наслуша нивниот глас, нивното 'ржење и збивтање, му удри крвта во главата, му зашумеа ушите, го грабна копачот и почна да тропа на вратата: ”Излегувајте, мајчето ваше!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мојот осет за регионални акценти во тоа време беше пред сѐ неразвиен.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не беше толку во прашање некаква тапост на самиот универзитетски живот, колку тоа што, благодарение на сите тие алтернативни информации и сознанија за животот на социјалното дно кои вешто се инфилтрираа низ бршленовите огради, почнувавме да стекнуваме осет за останатиот џагорлив надворешен свет.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Така, Беркли тврди дека спознанието е поделено - сѐ што запазуваме, запазуваме или непосредно или посредно: со осетите или со разумот и рефлексијата’ (12), но ‘ние го сфаќаме нашето сопствено постоење со внатрешно чувствување или рефлексија’ (13).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Како да се буди од смрт го чешаше целото тело, кога ќе излезеше од некоја состојба во која подолго време се наоѓал себеси: неподвижен мир од долго и тешко заборавање без осет за некакво течење, ток или поврзаност на нештата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Човек со оштетување на еден страничен мозочен резен може да го изгуби целиот осет за спротивната страна на телото, и тоа не само во смисла да не реагира на болните стимули туку и целосно да ја игнорира таа половина од телото, заборавајќи дури и да го облече.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И понатаму: за посредување на осетот за простор потребни се стереоскопски очила, коишто на секое око му носат сликовни информации.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Среќавањето на релевантни дела во таканаречената медиска уметност ни покажува дека се тоа дела кои ги демонстрираат начелата на квантната механика (претставувањето на објектот е зависно од посматрачот, незабележените објекти не се обработени како вистински работи и случки, туку како склопови од флуктуирачки можности), ја земаат предвид новата структурираност на сензибилноста и нејзината комплексност (воведување на тактилниот осет), ја демонстрираат нелинеарноста (егзистенцијални, случајни навлегувања во системите) и го нагласуваат естетското начело како мерило на новата научност. што мислиме со следново?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Наспроти нив авторот ги поставува „кинетичките ритмови како основен облик на нашиот осет за реално време”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пилотот одговара на осетите со тоа што, на пример, управува со контролна палка којашто го поттикнува компјутерот повторно да направи преуредување на осетите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Алгичниот осет се восприема преку рецепторите за болка на сензибилните нервни завршетоци.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Таа е посебен осет: или израз на органско нарушување или израз на душевен немир.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И најсетне сфатив: седев во кафеаната „Зора”, а спроти мене седеше вистинската Дуда притоа со оној осет на неориентираност: како да почнува во овој момент да сфаќа дека пријателот од другата страна на масата всушност се враќа од некое долго патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Исчезнувањето е можеби најблиску до празнината; зацарува таква празнина што сите осети откажуваат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Спремен сум да се сложам со неа иако ваквата дефиниција нѐ упатува кон интуицијата, кон женскиот осет на нештата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Студот како да го беше смрзнал и неговиот осет за време.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Другиве тресеа без осет, кажуваа имиња на команданти, на борци, на стратешки позиции, за повторно на крајот нешто да усерат на терен...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се разбуди, се сепна... со чуден најчуден осет... узна оти чедо ќе зачне најсилно на светот!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
На ибн Бајко му беше чудно петпати на ден да се паѓа на коленици, да се клањаш каде и да си, но срчноста на ќајата и неговата дозвола да го гледа, го правеа не само посветен, туку дури и со некаков изострен осет за работите што не ги разбира.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зар неа да ја увредам? Па таа двапати идеше во Стрелеско кај мене дома да ми носи апчиња. Не сум јас без осет.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе