осветлен прид.
осветление ср.

осветлен (прид.)

Но ако имавме ние морално право да бараме од претставниците на европските држави во Македонија точно и непристрасно да ги осветлуваат своите влади и европското општествено мнение за работите во Македонија, тогаш наш морален долг беше да сме и ние осветлени за европските интереси во нашата татковина, особено за интересите на балканските државици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Улицата беше пуста и прошарена со мали жолтеникави риги од осветлените прозорци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Седнавме под кралскиот бронзен јавач, запаливме една цигара и пушејќи сите од неа го гледавме слабо осветлениот плоштад по кој врвеа минувачи и трепетливи сенки и ту луѓето во сенките се заплеткуваа, ту тие во луѓето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Околу него врвеа темни силуети, се судираа и брзо како ноќни пеперуги се губеа кон осветлениот платнен влез.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ноќта беше само дебел и тежок кожурец на осветлениот салон.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Стискајќи ја цигарата со тврдите усни, тој чкрапна налутено со ќибрит и го забуца лицето во осветлените дланки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го забуца лицето во осветлениот грст.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Жената молчеше, беше згрчена во износен капут и тешко се држеше на нозе - беше болна или пијана, а тој ја гледаше, нејзе и офицерот, борејќи се за малку сила за да издржи додека тие не се оддалечат, за да продолжи кон осветлениот прозорец на крај на улицата, за да - за да живеам, мислеше и слушаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Стана уште позелен, однатре осветлен со зелена светлост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потем се заниша и полека тргна лево, по убаво осветлениот, рамен кеј крај големата, полноводна и забрзана река.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секој различно осветлен прозорец раскажуваше подруга приказна, подруга тајна откриваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од другата страна на реката го сретнаа очите на куќите - безброј осветлени прозорци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одеше полеа осветлена до поткожа и тој виде многу ситни брчки околу нејзините очи и усни, ја виде крај човек по се сличен на неа и се сети на сите други што ги знаел, се сети и на втората Марија и претпостави дека не би имал топлина во својата крв ни за неа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го гледа нејзиното лице и градите обилно осветлени од ламбата ставена пред неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тогаш, во скржавите зимни мугри, угаснати од врнежот, зад нив само уште кусо време мижуркаа неколкуте осветлени прозорци на селото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Поставен е под стаклен ѕвонец и осветлен со силна зеленикава светлина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Низ отворената врата од плевната го глдаа крајниот горен прозорец од куќата осветлен и по сенките можеа да видат дека внатре се сноваат луѓе, но беше предалеку за да се чуе дали нешто зборуваат, па им се чинеше како оние таму да се кријат во завера.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Убавата летна вечер им го правеше животот весел и тие знаеја да ја исползуваат и својата висока општествена положба, и убавата јасна летна вечер, осветлена од полната месечина, украсена со смевот и кикотот на убавите старавински моми, насобрани на чешмата пред кулата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Игра напред Велика, лицето ѝ е осветлено ко јаболко од ковчег извадено, а јас само збирам оскомиње.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За разлика од осветлениот град, реката беше матна, надојдена.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Повеќе