оптимист (м.)

Само лошо информираните се оптимисти, често ни велеше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше толку добро информиран, што не можеше никогаш да биде оптимист.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа е лудо. Јас не можам да плачам, зашто не знам каква ќе биде иднината, можам да бидам само оптимист.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дали се оптимисти во врска со понатамошниот развој на тој однос?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бидувајќи умерен оптимист, јас не се сомневам дека во догледно време, сите Ваши укази, што ја лишуваат нашата кутра татковина од нејзините културни достоинства, ќе бидат отфрлени.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тие го имаат токму тој призвук на невистинитост, но всушност се многу вистинити и тоа е она што е најстрашно. К: Повремено помислувам пак да ги засукам ракавите и пак да станам оптимист и да се обидам да направам нешто, но ситуацијата постојано ме тера да се занимавам со музика.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Марија, којзнае по кој пат, се увери дека мајка ѝ, и во најтешките ситуации во животот, беше неуморен оптимист.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Иако, скитајќи некоја година по светот, бил оптимист, а имал и можности да стане свој човек.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сега сум поголем оптимист отколку кога дојдовте минатиот пат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога Татко се покажуваше дефетист, Мајка се пројавуваше како оптимист.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За разлика од нас, Балканците, Американците генерално се оптимисти.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Само лошо информираните дипломати беа оптимисти за историскиот компромис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само наивните, односно лошо информираните дипломати или непоправливите идеалисти остануваа оптимисти во одбраната на земјата која ја претставуваа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овој пат ќе бидам оптимист. Затоа што сѐ уште верувам дека таа љубов е многу силна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)