опожарен (прид.)
- И нашите опожарени куќи, - прифати Пандо - нашите ниви што ги поплати троскот, нашите лозја што ги испржи болест и нашите мисли и надежите наши... – тој не доврши.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А кога ќе се разбудел и кога ќе го видел така опожарен и разурнат - пак се затворал во ќелијата за да не го гледа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се лепеа и на гранките од борот кој како сосем да се исушил; со снегот му паѓаа и игличките пожолтени, исушени како опожарени.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Сред ноќ, низ отворениот прозорец на собата од старата куќа каде што спиев, и по неколкуте дена, ми се чини, доаѓаше мирисот од опожарената шума во планината.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Не сонувавме раззеленети ливади, созреано овошје, распеани птици... туку опожарени куќи и расплакани мајки…
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Погледот во пепелникот е како поглед на опожарена шума.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во разговор нѐ затече ноќта. Седевме на прагот од опожарената куќа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)