опече (св.)
Лумана нешто го опече в гради.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Утре ќе го размесам и ќе го опечам, си велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во еден момент го опече лоша мисла, помислата дека таа само го користи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Па се труди и да те опече и да те помести од место барајќи ги твоите колена, за кои, најверојатно, во неговата глава смета дека ти се ерогена зона бр. 1... меѓу другото зашто само тие ти се подоткриенки, разголенки.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)