опашест (прид.)
Небото нема крв, одговори неговата празнина а ова што мислиш дека е нож само е опашеста ѕвезда. А дали ветровите имаат нозе?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
На тие штички, тој род си ги запишувал родословијата, своите песни, приказни и слова за собитија вистинити и чудесни, истории за видни мажи, за подвизници, појава на опашести ѕвезди, големи потопи и поместувања на земјата, големи жетви и суши и уште многу важни собитија за еден род.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Велеше дека дење, напладне гледа пламени на небото кои паѓаат како ѕвезди опашести, и оти тие на земјата се претвораат во стебленца светлина што не може секој да ги види, и дека околу тие стебленца се слуша чурлик на канарки кој не може секој да го чуе.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)