опасен прид.
опасе св.

опасен (прид.)

Византијците зборуваа само за опасните за нив варвари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таквата самоуправа никако не е, опасна за целоста на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овие луѓе не се помалку опасни за Бугарија од мисирковштината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се разбира, буржоаските реформисти и меѓу нив особено сегашните кауцкијанци се обидуваат да го ослабнат значењето на тој вид факти со тврдењето дека суровини би „можеле“ да се набават на слободниот пазар без „скапата и опасна“ колонијална политика, дека понудата на суровините би „можела“ гигантски да се наголеми со „простото“ подобрување на условите на селското стопанство воопшто.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Хилфердинг правилно ја истакнува врската меѓу империјализмот и заострувањето на националното угнетување: „Што се однесува до новооткриените земји“ – пишува тој – „капиталот што се увозува таму ги засилува противречностите и предизвикува сѐ поголем и поголем отпор на народите, кај кои се разбудува националната свест, против туѓинците; тој отпор лесно може да премине во опасни мерки насочени против странскиот капитал.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
БОЖАНА: (Го свртува разговорот од опасната тема) Како е сваќата, свату?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Пламна. Крвта се згуснуваше во неговите прсти, стануваше тешка и опасна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Еве. И другпат подобро чувајте го. Најдобро в џеб. Футролата ви дава опасен изглед.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се вкочануваше, стануваше дрво: неговите корења жилаво се пуштаа во млаката земја, цицаа некој опасен отров, го умртвуваа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нека се знае и нека се прикажува: или и Анѓа ќе ја имам, или ниедно – си рече во себе и стисна срце да го чека резултатот од оваа опасна игра.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јазот од детството прераснал во опасна река, мислеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Остар е, опасен! - почнаа да говорат за него луѓето од тајфата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се сети: кога еднаш на еден свој пријател му рече дека науката не го занима, не знаеше - еднаш (во овој ден) тој ќе ја презира таа наука, еднаш (денес) стегнат во избледена кошула за опасни лудаци ќе почне да се плаши од затемнување на сонцето во својот мозок.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ЛУКОВ: (Правејќи обид да го смири Младичот, да го покори.) Централниот комитет реши да премавне еден многу опасен предавник и изрод на нашиот народ.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И сепак тоа не беше и најлошото. Тој наоѓаше утеха, дури беше и задоволен дека се зачувал од еден опасен бацил: злосторот спрема државата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во намачената улица настапува штама, опасна и зла во својата неизвесност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Опасна заблуда“ - мрмори претседателот, - што сте вие? Анархисти? Или обични разбојници...“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Знаеше тој дека од прозорецот над него можат да се заискрат оние опасни трескотници, кои не му беа непознати и пред кои тој којзнае колкупати во својот волчешки век недосежен се засолнувал во шумата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мувичката Цеца не можеше да знае дека е тоа опасната мрежа на пајакот, од која веќе нема излегување.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Во рацете имаше некаква мајсторија и со колата управуваше безбедно, иако честопати, минувајќи опасни делници, ни се земаше здивот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе