омјаз (м.)
Знаеше секој израз од неговото лице, секоја сенка во неговите црти, имаше еден постојан впечаток дека го гледа пред себе тоа лице, а додека ги изнаоѓаше неговите зборови, на Змејко му се причинуваше дека тој го зел на себе дури и омјазот на оној старец.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
4. Господова рожба беше сето тоа: и преселбите и шумскиот од и псалмот што ѕунеше од мислата и омјазот на ангелот.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Така му зборувал во сонот лично Сотоната на најмудриот, иако тој беше по својот умјаз најдалечен од Бога.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Мајката Роса и мајката Перса не можат да им се изнагледаат, наликуваат на две родени сестри во омјасот, во бојата, во црната коса и црните очи.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И во моментите на вистинска радост и среќа, во нас останува една трошка осама, самотија, која доколку и за миг ја посетиме, го облева нашето битие и омјазот наш, го добива мртвилото на затворените очи.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)