омириса (св.)
Уште кога ја омириса миризбата на тос, со која секогаш скапоцените ткаенини беа во тоа време прскани да не ги напаѓаат молци и други инсекти (таа миризба по селата ја сметаа за турска) Анѓа навистина почувствува одвратност до блуење.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
— Е, добро, добро, Мире. Шом е така работата, тогаш утре вечер ќе му го видиме есапот. Не ќе му текне ни на префнуци му да омирисаат наваки, а камо ли на синови му.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)