омекне св.

омекне (св.)

Разлабави малку, човече, нека омекне и твојана земја, а и мене пушти ми ја водана за да можам да сторам сѐ, за што сум тука и дојден, со сите оние трупци и со мојана пила.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Истрча низ вратничката и се закопа до натколениците во снегот, а со секој дел од своето тело просто како да го впиваше во себе дишењето на таа единствено вистинска, топла и миризлива југовина, што го поземаше во своите заплиснувања и го омекнуваше сиот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И снегот сега беше некако спитомен и омекнат, лежеше во нозете на тој спалавен ветер како некоја кротка животинка, почнувајќи пополека да линее под допирот на неговите топли прсти, станувајќи притоа нетолку изгаснат, колку со една своја нова, спитомена белина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Жолтицата ја сврши работата. Управникот се одоброволи и омекна.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Околу пладне, кога сонцето беше највисоко на небото и кога горниот слој на снегот малку беше омекнат од неговите зраци, Бојан презеде потфат во чиј успех ни за миг не поверува, но нешто однатре, појако од неговиот чист разум, го гонеше во обид да ја провери таа своја замисла.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тие кон крајот на март омекнуваа, киселоста им се намалуваше, па стануваа сосем добри за јадење.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се топат коските наши, омекнуваат и не нѐ крепат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Им омекнале и жилите и коските.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А и селанките ми даваат некаква пресна маст да си го мачкам лицето, да ми омекне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Запците на чешелот се претвора во мали ѓаволи, омекнуваа и се обвиваа околу дојките како палави, змијолики фалуси.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Полека и недоверливо стануваше одомаќен: острините на неговиот акцент од Бронкс беа измазнети и омекнати до оттегнат изговор, откри дека ‘белата громова’, чиста или мешана со што и да излезеше од тогашниот војнички апарат за пијалоци, е на некој начин исто толку задоволителна како скочот со мраз; сега ги слушаше локалните групи во баровите во соседните гратчиња, толку често како некогаш Лестер Јанг или Гери Малиган во Брдленд.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тврдите ѕидови на нејзиното заробеништво беа омекнати од раскошот на грижливо одбраните дребулии чијашто убавина тлее и догорува во бавната тишина на здодевноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дека можеби тоа ќе ме омекне... ама никогаш не настојуваше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со одминувањето на времето, пијалокот ја загреа, нејзината напнатост почна полека да омекнува, погледот да ѝ ја губи острината, лицето да ѝ се ослободува од грчот, снагата да ѝ се размрдува и со прстите да потчукнува на масата под тактот на музиката од грамофонот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сите поранешни олигархии паѓале од власта или затоа што се окаменувале, или затоа што омекнувале.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му се чинеше не само дека неговото тело е омекнато како желатин, туку дека е и провидно како желатин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога прозборе, гласот му беше потолерантен, некако филозофски, како пивото да го омекнало.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Голиот џам го омекна со одвај проѕирна и жолтникава завеса, тврдиот војнички кревет го стопли со обновена слама во сламарникот и со црвеникава куверта како прекривка.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Раницата ја истресе од наталожената прав и по некоја брбушка од глушец, а цокулите ги премачка со чисто крпче на кое капна троа масолца од кандилцето на мајка му и ги исполни однатре со навлажнет стуткан весник за малку од малку да омекнат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Откако ја изнакажа целата оваа реченица и пол, Ане го дигна бинлакот и натегна од него завидливо долга голтка - дали да го омекне исушеното грло, дали да го овлажи скоравениот јазик или просто да земе здив пред да се врати на својата природа на молчење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе