омарнина ж.

омарнина (ж.)

Над градот е омарнина, по кеот мрака паднала, преку мост тропат копита, а Вардар лудо забрзал, галеби бели покренал а в соба тесна таванска Панче со млади студенти лист по лист вртат зборници.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Низ воздухот трепереше летна омарнина, По пожолтените ниви, млади жетвари жнееја бела како бисер пченица.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Високо, од небото, сонцето печеше како усвитен вршник. Над градот Скопје се беше спуштила тешка жешка омарнина.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Некаде, подолу, некои жетварки жнееја јачмен и пееја: „Горештина, омарнина веќе ми се здодеало“ Трајче требаше да мине преку мостот на реката Сатеска и да премине на другата страна кај Крива Воденица.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Над реката, како мост се ниша омарнината, се среќава шило и осило.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само омарнината, некоја тешка омарнина се дипли, се тресе и притежнува над нивите, над луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Костур ни трепери ко слика во омарнина, езерото ни пушта огледалца.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Омарнината од огнот ѝ го развласува ликот, ѝ го разнесува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Врз селово, се случувало кај нас, паднала омарнина на тага.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во омарнината, без штит на благотворна сенка, Кукулино, лежеше на жедна, мртва, испукана земја како омрлушен пес, збивтав, отфрлен, заборавен, старо животно скоро без пулсација под измитарената кожа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Воздухот само трепери и постојано се искачува нагоре. Како летна омарнина да гледам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Очите му се испаруваа од зловешта омарнина на болките.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако било време на сенокос, час кога пролетта е нападната од омарнина, копнежливоста на дивите треви ќе му ја раздвижела крвта на добитокот, дење да го наслушнуваат со мудрост на изморени рабини љубовниот повик на птиците, ноќе или пред мрак да ги влечат воденичките камења и да се удираат со рогови погрешно спрегнатите деснаци и леваци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Симона го немаше пладнето, а беше топло, омарнина.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ридот на кој покажа е на припек, обраснат со ниска испржена трева над која бранува сива омарнина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Искрено: во чутуранга рокадата не е позната, но жена ми: вечен архитект со име и чест, директор на Заводот за урбанизам, пред годините на климаксот крк-трт време по турско есапење, ќесебашија, лока на влажната сенка што трепери низ омарнината и удира на рокада: Колку ми ја извалкале постелата?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)