олтарски (прид.)
Од арамиите се спасил само еден. Отишол во некој манастир и, за спас на душата, братски му оставил на игуменот торба злато, да го топат и да леат олтарски двери на кој ќе може да се види историјата на светот...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
(„Бебето од Макон” почнува со следниве зборови, кои се како некаква рамка за една голема олтарска слика: „Приносите се слаби... животните јалови... Овоштарниците бедни... Реките пресушуваат...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сум го сквернавел олтарското место и гробиштата. Сум копал за да ја откопам старата омраза, палежите и убиствата меѓу Кочовите и семејството Поцо, за да ја расеам омразата низ целото село.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сѐ паметеше, сѐ, иако сето тоа беше сега под дебел слој вар, куполата на црквата беше урната и израмнета со покривот, олтарската преграда тргната, а врз црквата се наоѓаше минаре.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)