олабави св.

олабави (св.)

Застана и се олабави нерешително гледајќи ме со влажните очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ги олабавив прстите и се пуштив верувајќи на својата среќа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Промртка Бугаринот што промртка и кога виде дека овој го притиска изусти едно тажно стенкање на чист македонски ГОВОР: — Е, јади ме, де, јади ме, ти падна во рацете! — и ги олабави своите раце од Митревите гради, откажувајќи се од понамошна борба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се заниша и дури кога ја олабави левата рака забележа дека дотогаш, ни сам не знаејќи, го носел детското чеволче.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гавранот полека ја дигна главата и ги олабави рацете.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Коњ со минати подвизи? врело ’рзна и ги олабави мускулите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Можеби сега, откако помина најлошото, откако се олабавив, само ја чувствувам умората. Не сум болен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Па, ќе даде господ, калта ќе се олабави, ќе попушти и јас ќе почнам да се враќам пак назад, на земјата. На здраво да згазам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се олабавува детето, му спласнува болката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
тој распалил едно ситно: лиду, лиду, лиду, лиду, и ние играме, ама лабаво, ко кал за црепни да газиме, не ти носи душата да играш делнички и со пијани војници од таму си некаде, од мајчина им, не си за никаде, мочано време, и се нишаме небаре треската да не фатила, се правиме тресиопашки, скокаме наситно, а старшијата само ја ситни свирката и тогаш пукна пушка и старшијата ја олабави гајдата таа писна и занеме и во гробиштата влегоа други војници, кај ќе бараме и за овие кокошки, си велиме, и излезе еден поголем од старшијата, со едно кило петлици нареден, и вели: отечеството крвари, а вие играте, и колкумина имате српски војници, прашува, ами колку што забраа Србите, велиме, колку што им требале и броиме на прсти: Насте, Петко, Митре, избројавме дванаесет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И јас дури тогаш ги олабавив рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Другиот, човек на кого немал прилика да му погледне в очи и да го прими како пријател или да го заборави доколку не го намрази, веќе и не се држи за својот несреќен носач. Олабавен е и не се согласува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И кога си реков: до овде ти било за одење, Небеска, рацете му се отпуштија, му се олабавија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Долната вилица што му се олабави со своите краеви под ушите остана висината.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од никаде да олабави, да попушти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не биле сигурни, но јавачот како да дремел во седлото, се нишал олабавен напред и назад оставајќи му на коњот да одбира врвици со бавни нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓутоа, домаќинот се олабави, воздивна. Видливо капна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се олабавило, со цело лице се обидело да го побара својот убиец стреснувајќи се од темната врелина што му џбурнала од полуотворената уста и со расширени раце, чиниш со мртвото тело, сакало да го заштити оној што можел да му биде татко, заштитник или учител на вакви сурови часови, паднало врз прпелкавиот грч.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Голи, стимулирани со афродизијак, збунети од постојаното набљудување и спреченоста да се олабават со мастурбирање (ерекцијата во сон автоматски вклучува огромна електрична зујалица чии вибрации го исфрлаат субјектот од креветот точно во смрзната вода, со што случаите на водени сништа се сведуваат на минимум).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потоа, тамам малку се олабавив, во деновите пред распустот, оти тогаш наставничката ги испрашува само послабите за да можат да поправат некоја оценка, стигна онаа вест за Ивана.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Повеќе