окце (ср.)
Здодевно му е - бригадата е овде три дни, тој веќе неколкупати ја чистел пушката, го изодел селото надолж и нашир, со окцето шашливо ги измерил сите девојки.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Низ левото окце му течеше тенка нишка крв.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Професорката бавно го заврте клучот и се уште со очилата прилепени за окцето ја држеше отклучената врата.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Јаболкничето се ниша, ме гледа со окцата, како да ми се лути. А многу убави јаболка раѓаше, мискојна мирисаа јаболката.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И беше мачно, о боже, колку беше мачно да се повлекува тажна линија меѓу сите тие мириси и струи, меѓу окца и младици, меѓу свирки и светлини.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога повторно заѕвони, таа скоро со страв, тивко се прикраде до вратата и преку очилата погледна низ окцето.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Гледаш со половина окце, повеќе го чувствуваш тој мир, таа чудна промена. Општа глувост.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
„Не, знам - високо есенско кроење на четири или пет окца, а напролет ќе извршиме корекција, ќе ги оформиме грмушките.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Фиданките во стакларникот се фатени, набабрија окца“, му рече Томе на чичко Темелко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И навистина, на дното се правеше едно окце, мало водено огледалце.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Јадицата на мушичката беше лична како цурајка со окце - тамам да зинеш и да ја лапнеш.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Второто јадење веќе мирисаше оддалеку - чингано тавче пржен ситнеж; џигерче, бубреже, слезинче, срценце, јаначе, јазиче, окце, мевце околу ребрата - се телешко, од штотуку заклано теле зад куќата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Телото е нешто друго. Меморија. Можеби се двоуми, но
и покрај сѐ
го вади клучот. Го склопува окцето.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Со задоволство тој установува дека дијагнозата на болеста на компирот правилно ја извршил, но она што му го советуваше на стариот за густината на садењето не е сосем точно: тоа се однесува на садење со окца - за кое треба да се преземат специјални претходни мерки што стариот нема можност да ги преземе - а за садење со цели компири одговара горе-долу она растојание што тој го практикувал.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Едно окце низ пердувите ме вкочануваше.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)